На Фејсбук граѓани споделуваат искуството за влез и излез во Грција со оценка дека новиот систем EES што го воведе ЕУ летово ќе ги зголеми гужвите и чекањето со часовии на, и без тоа, преоптоварениот граничен премин.
Наместо печати во пасошите, сега се бараат отпечатоци од прсти и фотографии на лицето, а истото се случува и ако се патува од Македонија во Грција, на граничниот премин Евзони, пренесува Женски магазин
За тоа зборува и еден очевидец во Фејсбук групата кој опиша како се одвива целиот процес:
„Кога ќе се предаде пасошот, автомобилот се паркира на десната страна и се влегува во ходникот пред канцеларијата на граничната полиција “ пишува граѓанин на ФБ групата Grčka Info .
„Тука се поставени два апарати за фотографирање и оставање отпечатоци на прстите, така што се обработуваат по две лица од една колона со автомобили.
Процедурата не е долга и брзо се завршува, но најмалку се дуплира времето во однос на класичниот преглед на пасошите плус паркирањето на автомобилот и влезот и излезот од него.
Сето тоа делува невозможно во јулско-августовскиот метеж, кога и онака гужвите се огромни.
Интересно е што не ни бараа фотографирање при влезот во Грција, туку при излезот од земјата. Цариникот ми потврди дека ваква идентификација важи за села Европа. Мене лично ми изгледаше како да се фотографирав за лична карта на ЕУ во електронски облик“ – напиша корисникот на Фејсбук групата.
Во коментарите, нормално, се поставува прашањето за тоа како оваа процедура ќе се спроведува летово, кога во Грција ќе навалат автобуси, колони возила од Србија и Македонија, како и голем број камиони и товарни возила кои се упатуваат кон пристаништата…
„Ќе чекаме и по 8 часа на границите“ – стои во еден од коментарите.
