Регион

Последниот ден од летото го донесе првиот снег на Капаоник и во Пампорово

Првите снегулки пред утрешниот почеток на есента накратко ги забелија двете популарни зимски дестинации во Србија и во Бугарија

Зимските центри во регионот Копаоник во Србија и Пампорово во Бугарија на последниот ден од календарското лето го добија првиот снег како последица на силниот арктички бран што го зафати Балканот.

Во 15 часот на Копаоник беше измерена температура од 1 степен над нулата со умерен снег, поради кој сообраќајот беше забавен на сите приоди кон планината.

Претпладнето во Пампорово накратко дождот премина во слаб снег, кој не успеа да формира бела покривка поради температурата од 4 Целзиусови степени.

Покрај во двете популарни зимски дестинации, во Србија денеска паднаа први снегулки и на планината Голија, а во Бугарија на повисоките врвови на Рила.

 

Најнови вести од: Регион

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top