Македонија Бизнис

Газдата на „Пуцко Петрол“ осомничен за перење пари, за колку милиони станува збор?!

За Асмир Јахоски, како осомничен за перење пари, беше определена мерка притвор во истражниот затвор Скопје. Подоцна, со гаранција од над 2 милиони евра, Јахоски излезе од притвор, а наместо тоа, како мерка на претпазливост, му беше одземен пасошот.

Милионски суми народни пари легнале на контото на „Пуцко Петрол“, чиј сопственик Асмир Јахоски е меѓу осомничените во случајот за злоупотреби при набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, кој бил со лош квалитет за здравјето на луѓето, објави Фактор. Од јануари до јули годинава, Пуцко Петрол има склучено 117 договори за јавна набавка, со вредност од над 33 милиони евра. Тендери има добивано од министерства, општини, државни комисии, агенции, училишта но и судови, како вишиот управен суд и неколку основни судови низ Македонија. Најголемиот договор е оној склучен со ЈСП Скопје, во вредност од над 26 милиони евра.

За Асмир Јахоски, како осомничен за перење пари, беше определена мерка притвор во истражниот затвор Скопје. Подоцна, со гаранција од над 2 милиони евра, Јахоски излезе од притвор, а наместо тоа, како мерка на претпазливост, му беше одземен пасошот.

Во истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино во вредност од 160 милиони евра, освен Јахоски, опфатени се и екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство, како и сопствениците на РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, поранешниот менаџер за продажба во ЕСМ Адриан Муча  и уште 6 лица кои учествувале во реализацијата на набавките мазут вредни над 160 милиони евра.

Сопственикот на Пуцко Петрол доби и нов, привремен пасош со важност од 6 месеци – на тоа се сложило обвинителство, судот прифатил, а МВР веднаш го издало.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

To top