Македонија

Ангелов: Да не се шират дезинформации, нема изгорени куќи во Чучер Сандево

Ангелов испрати апел до сите граѓани доколку забежат сомнителни ситуации веднаш истите да ги пријават

По избувнувување на пожарот кој води кон ГП Блаце има индиции дека е подметнат.

Веднаш по настанување на пожарот се упатив на лице-место и самиот можев да видам дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би настанал од фрлен отпушок. Денес додека пожарникарите работеа на негово догаснување, бидејќи овој пожар е под целосна контрола, наидоа на неколку места каде имаше дрвени палети прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар, истакна Ангелов.

Ангелов испрати апел до сите граѓани доколку забежат сомнителни ситуации веднаш истите да ги пријават.

Исто така Ангелов рече дека не е точна веста дека некои манастири и цркви биле во опасност, исто така и дезинформација е дека изгореле три куќи од село Чучер Сандево.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top