Свет

Три американски Ф-15 урнати од „пријателски оган“

Кувајтската воздушна одбрана погрешно ги собори авионите додека одбиваше ирански напад со беспилотни летала и ракети

Три американски борбени авиони Ф-15Е беа соборени над Кувајт од „пријателски оган“ за време на воена операција, соопшти Централната команда на САД.

Кувајтската воздушна одбрана погрешно ги собори авионите додека одбиваше ирански напад со беспилотни летала и ракети.

Сите шест члена на екипажот беа спасени и се во стабилна состојба.

Инцидентот е под истрага. Кувајското Министерство за одбрана прво го призна инцидентот откако видеата се појавија на социјалните мрежи.

 

 

 

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top