Македонија

Главниот пилот во МВР летал со валидна дозвола, се гони за лажно инструкторско овластување кое го добил

Одделот за внатрешна контрола при МВР со кривична пријава

Не е точно дека главниот пилот во МВР добил кривична пријава бидејќи претходно летал со хеликоптер без валидна дозвола. Тој се гони оти се стекнал со инструкторско звање без соодветна постапка, соопшти МВР.

Оттаму поднесоа кривична пријава против Н.А. поради сомневање дека тој сторил фалсификување на исправа. Според ова, тој има дозвола за управување со воздухоплов, но му го спорат овластувањето за обучување на други пилоти.

„Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Според пријавата, тој незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во својата дозвола и истото го употребил како вистинито во постапки пред надлежни институции во земјава и странство“, велат од МВР.

Станува збор за овластување за инструктор за конкретен тип хеликоптер – „Бел 206“. Ознаката TRI (Type Rating Instructor) значи дека лицето има право да обучува и проверува други пилоти за управување со конкретниот тип воздухоплов, како и да заверува обука и летачки часови.

Такво овластување се стекнува по спроведена специјализирана обука и одобрение од надлежна воздухопловна власт, по што се впишува во пилотската дозвола како официјален податок. Но, МВР има свои правилници, па според неофицијални сознанија на „Скопје1“, пилотот добил звање со министерски потпис согласно интерен акт. Сепак, според поред пријавата, впишувањето во конкретниот случај било извршено незаконски.

Кривичното дело „Фалсификување исправа“ опфаќа внесување невистинити податоци во службен документ или употреба на таков документ како вистинит. Во овој случај, според МВР, спорното овластување било користено во постапки пред институции во државата и надвор од неа, што му дава дополнителна тежина на сомнежот. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското Море

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел.

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Галичник беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет и традиција. Пред претставниците на дипломатскиот кор, меѓународните организации и бизнис секторот, како и во присуство на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер […]

To top