Македонија

Нов земјотрес утринава во Македонија

Регистриран нов земјотрес утринава во северозападниот дел на земјава

Послаб земјотрес регистриран утринава во северозападниот дел на земјава со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Според информациите на European-Mediterranean Seismological Centre (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 05 часот и 21 минута.

Епицентарот бил лоциран на околу девет километри југозападно од Тетово, на длабочина од пет километри.

Станува збор за потрес со слаб интензитет, кој најчесто не предизвикува материјална штета, но може да биде почувствуван од граѓаните во непосредна близина на епицентарот. Засега нема информации за евентуални последици.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top