Македонија

Ѓорѓиевски: Започнува проширувањето на последниот дел од булеварот „Борис Трајковски“

Проширениот булевар ќе има четири коловозни ленти и пешачко-велосипедска патека и ги замоли граѓаните на трпеливост за време на градежните активности кои следат

 

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше дека е објавен тендерот за реновирање на последниот дел од булеварот „Борис Трајковски“, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево.

Градоначалникот вчера изјави дека е предвидено активностите да започнат во наредните 40 дена.

Проектот опфаќа реконструкција и проширување на потегот од 850 метри, почнувајќи од трафостаницата во Пинтија па сè до кружниот тек во Драчево. Ова тесно грло, низ кое секојдневно поминуваат над 100.000 граѓани, со години беше симбол за метеж, оштетени возила и безбедносен ризик.

„Објавена јавната набавка за изградба на булеварот „Борис Трајковски“. За мене, еден од најважните капитални проекти. По завршувањето на законската процедура, за околу 40 дена започнуваме со работа, додека рокот за изведба е до крајот на оваа календарска година. Предолго, овој булевар беше симбол на застојот. 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, беа 850 метри нервоза, прашина, оштетени возила, изгубени часови и скршени надежи“, соопшти Ѓорѓиевски.

Тој изјави дека проширениот булевар ќе има четири коловозни ленти и пешачко-велосипедска патека и ги замоли граѓаните на трпеливост за време на градежните активности кои следат.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

To top