Бизнис

Николоски: Растот на градежништвото е сигурност и поттик за идни инвестиции

Според него, податоците за растот на градежништвото од 21 процент во третиот квартал и од 14,6 проценти во четвртиот квартал лани се фантастични бројки

Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, што се одржува денеска во Владата.

Според него, податоците за растот на градежништвото од 21 процент во третиот квартал и од 14,6 проценти во четвртиот квартал лани се фантастични бројки како резултат на, како што рече, тоа што приватниот сектор се охрабри да инвестира заради поволните каматни стапки преку кредитните линии од Унгарија, вложувањата во општините кои претежно со дотации од Владата почнаа многу инфраструктурни проекти, како и големите инфраструктурни проекти на државата.

Се работи, посочи вицепремиерот, на неколку инфраструктурни проекти како изградбата на автопатот Кичево Охрид, проект што беше заборавен и не постоеше пред изборот на оваа влада, во тек на 2024 година се правеа подготовки и сега ставени се во функција 34 километри од изградени 37, а останува да се изградат уште 20. Исто така и на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола, кои, потенцираше, ги почна оваа оваа влада, иако договорот беше потпишан во 2023 година но воопшто не беше почната експропријација. Се градат интензивно и пробиени се над 50 проценти од трасите. На тоа се надоврзуават и инвестиците во железницата од кои веќе се гради првата фаза од Градски воз кој се очекува да биде завршен до јуни годинава, наведе Николоски.

Ги посочи и заедничките проекти со МЗШВ, како што е вештачко езеро кај Гевгелија, и браната Отиња во Штип каде има одличен прогрес.

– Сите овие проекти заедно со приватните и инвестициите од општините придонесуваат да имаме вакви сериозни двоцфрени бројки во градежништвото и очекувам да продолжат и во текот на годинава. Особено охрабрува што напредуваат домашните компании и сватија дека треба да го фатат чекорот во однос на овие инвестиции, рече Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром

На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустријан ерлајнс“, со што официјално почна да функционира новата редовна авиолинија меѓу Виена и Охрид

Депозитите во мај пораснаа за 8,6 %, кредитите за 13,4 %

Во мај, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, остварија месечно зголемување од 1,1 процент и 1,4 проценти, соодветно, при годишен раст од 11,2 проценти и 16,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се повисоки за 1,7 проценти и 8,4 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

Проверете на регистарот на е-трговци од кого купувате пред да платите онлајн

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

Два златни медали и вкупно 18 награди за вината на „Тиквеш“ на најголемиот светски вински натпревар „Decanter“

Вината на Винарската визба „Тиквеш“ и годинава освоија високи признанија на еден од најпрестижните и највлијателни светски вински натпревари – „Decanter World Wine Awards 2026“

To top