Бизнис

Бехтел и Енка потврди дека Владата не должи ништо, сите фактури се платени

Отпуштањата во Бехтел и Енка се дел од оперативните потреби

Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско-тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8.

Портпаролот на Бехтел и Енка, Даниела Милошевска, на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори:

– Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси.

Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и дека остануваат посветени на партнерство со Владата за да се испорача автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа децидни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата.

– Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби – рече Даниела Милошевска.

Од компанијата додаваат:

„Свесни сме дека ова е тежок период за засегнатите, но, поради природата на индустријата во која работиме, честопати постои потреба да го намалиме нашиот персонал за да ги задоволиме оперативните потреби. Категорично, нема разлика во третманот врз основа на националноста. Демобилизацијата се однесува на мешавина од меѓународни и локални работници со процеси утврдени според видот на договорот.“

 

Најнови вести од: Бизнис

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

Mundus Vini е едно од најрелевантните вински натпреварувања во светот, каде вината се оценуваат од интернационално жири составено од врвни енолози, сомелиери, вински новинари и трговци. Освојувањето медал на овој натпревар претставува значајна потврда за квалитет и препорака за глобалниот пазар

Ќе добиеме ли конечно пруга од Скопје до Софија?!

Македонија и Бугарија ја потврдија посветеноста за изградба на железничка врска од Скопје до Софија, преку Коридорот 8 до 2030 година. Оваа сериозна инвестиција е важна како за двете држави, така и за сите земји кои ќе циркулираат преку оваа железничка делница.

Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

To top