Македонија

Нови 17 инвестиции ќе креираат 5.000 работни места

Инвестициите се во вредност од околу 650 милиони евра

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во изјава за медиуми најави вкупно 17 инвестиции во вредност од околу 650 милиони евра кои треба да креираат до 5.000 нови работни места, а кои се почнати, се реализираат или се во фаза на договарање.

-Втората тема која што е многу важна е економијата. Мојата борба е да донесеме свеж капитал. И кога доаѓа моментот кој треба да направи разлика меѓу нас и нив од СДСМ и ДУИ, е фактот што со огромно задоволство најавувам дека инвестициите коишто или се почнати, или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИРЗ зоните изнесуваат околу нови 650 милиони евра, тоа се 17 инвестиции коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места. Ете тоа е нашата борба, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја истакна и јасната разлика помеѓу економските политики на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, со кои во првите шест квартали реалниот раст е 3,5%, за разлика од политиките и владеење на СДС, кои во првите шест квартали реален раст бележеше скромни 2%.

-Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и онаа влада која што ја водеше СДСМ. Во 28 квартали, влада СДСМ – ДУИ, имаме реален раст на македонската економија од скромни 2%. Во првите шест квартали од нивното именување, односно избор како влада, па и ако кажам именување нема да погрешам бидејќи знаете како беа октруирани, тогаш како влада после оној политички инженеринг којшто се случуваше во 2017 година. Во првите шест квартали имаа раст од 2%, во првите шест квартали од оваа власт, просечниот раст на македонската економија, реален раст е 3,5%, скоро два пати повеќе, изјави Мицкоски и додаде:

„Тоа се бројки, тоа е разлика која што ја прави ова Влада многу поразлична од владата на СДСМ и ДУИ. Тоа е разликата меѓу нас, додека тие лажат, шират паника и пробуваат да ги злоупотребат чувствата на луѓето и играат на создавање емоции, ние работиме и се трудиме колку можеме да направиме да биде подобро за нашите сограѓани“.

Најнови вести од: Македонија

Модернизација на итната помош: Владата набавува 100 нови амбулантни возила

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

Милошоски: Во недостиг на идеи, СДС шири шпекулации за државјанствата

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, неосновани се обвинувањата дека некои негови сопартијци имаат и бугарско државјанство, бидејќи токму тие се потписници на предлогот пратеник да има само македонско државјанство

To top