Македонија

Мицкоски: Протестите на ССМ имаат политичка заднина, Трендафилов дејствува во интерес на опозицијата!

Протестите на ССМ имаат политичка заднина, инструирана, мотивирана и инспирирана од опозицијата, а Слободан Трендафилов е само прокси. Тоа јавноста деновиве ќе го види од она што ние го поседуваме затоа што заслужува да знае кои се лицата што ги блокираат улиците и каква врска имаат со лидерите на политичките партии, ќе види дека се истакнати партиски активисти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според премиерот, опозицијата нашла застапник во синдикалниот лидер Слободан Трендафилов за да нема партизација на барањата за зголемување на платите.

-Тоа е легитимно ако мислат дека така ќе ѝ нанесат штета на владата, ние ќе се бориме со тоа за да го докажеме спротивното и дека тоа не е така. Она што Владата може да го направи е да ги искористи законските механизми и сега платите ќе бидат нивелирани, односно ќе биде покачена минималната плата во согласност со законот, а како работодавач Владата се договори со своите колеги и речиси со 99 отсто од вработените што се наши колеги ние имаме колективни договори до 2028 година, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на училишна спортска сала во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае.

Како што рече, еден од колегите на Слободан Трендафилов пред неколку дена на прес-конференција со него во Владата бил видно задоволен и кажал дека постигнале историски договор, а два дена подоцна се солидаризирал со Трендафилов „и повторно ги малтретира граѓаните на Скопје мислејќи дека ако преку ССМ ги претстават политичките барања на опозицијата ќе добијат симпатии кај граѓаните“.

– Мислам дека стратегијата им е неуспешна. Барањата се во рамките на институциите, за тоа постои Економско-социјален совет, затоа постои бипартитен дијалог и постојат разговори. Ние сме подготвени да преговааме, да седнеме и да разговараме за истечениот од важност Општ колективен договор и да постигнеме конечно решение, додаде претседателот на Владата.

Прашан за коментар во врска со реакцијата на Трендафилов кој вчера од МВР и Обвинителството бараше да постапат против Дафина Стојановска, а од Собранието да и го одземе пратеничкиот имунитет затоа што објавила снимка од неговите малолетни деца, Мицкоски одговори дека претседателот на ССМ треба да ѝ се извини на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ за навредите и да се навикне дека како јавна личност е подложен на јавна критика.

-Го видов тоа што го кажа и видов премногу нервозен човек кој истури салва навреди. Како јавна личност треба да се навикне на јавна критика. Го видов неговото бледо оправдување дека бил службено и затоа го користел службеното возило итн., а уште повеќе сум загрижен од нивото на култура на еден човек кој вчера ја испушти шансата да биде над ситуацијата и како загрижен родител, како што се обидуваше да се претстави, барем речникот да му беше попристоен зашто, сепак, станува збор за жена и мајка. На тоа видео никој не ги покажува малолетните деца на господинот Трендафилов. Напротив, јас колку што можев да видам, многу е внимавано на тоа, но мораше г. Трендафилов да биде покултурен и за сите навреди што ги кажа, во најмала рака пратеничката Дафина Стојановска денеска заслужува да добие извинување од него, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top