Македонија

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Во вечерашното издание на „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, притоа посочи дека Владата е стабилна и работи транспарентно и посветено на реформите […]

Во вечерашното издание на „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој истакна дека доколку Арбен Таравари има намера да соработува со ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со него, притоа посочи дека Владата е стабилна и работи транспарентно и посветено на реформите во Македонија.

„Владата е стабилна, владиното мнозинство е стабилно, Владата работи посветено на реформи, јас тоа го кажав и пред неколку недели, дека доколку господинот Таравари одлучи да работи со ДУИ, тогаш не може да соработува и со ВМРО-ДПМНЕ, ние како политички субјект не сме подготвени да имаме соработка со некој којшто има за цел понатаму да дејствува политички во координација со ДУИ, барем до момент дури ДУИ не се реформира, а ДУИ во моментот е далеку од реформиран политички субјект“, вели Муцунски.

Министерот Муцунски потенцираше дека токму ДУИ е виновникот за нарушените позиции во надворешната политика, па со оглед на тоа, истакна дека таков политички субјект не може да биде парнер со ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ е виновникот за голем дел од овие нарушени позиции меѓу другото и во надворешната политика, заради тоа што да се вршат криминални активности, се воделе попустливи надворешни политики, и во таа смисла некој што ги нарушувал стратешките позиции на државата, некој што си дозволил да води таква безобразна и бахата внатрешна политика, не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ и некој што е партнер со таков субјект, исто така не може да биде партнер со ВМРО-ДПМНЕ, рече Муцунски.

Тој продолжи и додаде дека јавноста ја препознава вистинската и чесна намера на Владата, во спроведувањето на реформите.

„Тоа што верувам дека граѓаните го чувствуваат е чесна намера за реформи, реформи насочени кон подобра иднина на државата. А со оглед на јавните настапи на Таравари, изгледа дека е одлучен да настапува заедно со ДУИ, што значи за таков субјект кој соработува со ДУИ, неможе ВМРО-ДПМНЕ да соработува со него“, заклучи Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top