Македонија Бизнис

Нова шанса за Охрид од УНЕСКО, Владата ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната сесија во Париз одлучи да го одложи впишувањето на  Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Македонија и Албанија добија рок до 1 февруари 2026 година, за да достават извештај за преземените активности за имплементација на забелешките од претходните мониторинг мисии. Премиерот Христијан Мицкоски најави […]

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната сесија во Париз одлучи да го одложи впишувањето на  Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Македонија и Албанија добија рок до 1 февруари 2026 година, за да достават извештај за преземените активности за имплементација на забелешките од претходните мониторинг мисии.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а посебно, како што рече, оние кои имаат одобрение за реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти. Со тоа, вели, ќе се извадат на површина лицата блиски до партии од претходната Влада кои правеле такви злоупотреби.

Според Мицкоски, додека опозицијата ликувала за оваа состојба, Владата се борела да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период за примена на препораките, што за жал претходата влада не ги почнала, а се однесуваат за период од 2017 до март 2024 година.

– Тоа е уште една лоша работа која се случуваше во минатото во време на СДСМ. Ги гледав тие прес-конференции и пораки кои доаѓаа од Бихачка и молчев, не сакаве да реагирам, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа ние се боревме во жестока дипоматска офанзива да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период со што би почнал со имплементирање на препораките кои за жал претходната Влада не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до партиите од претходната Влада продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поедици блиски во претходната влада. Па така некои од одобренија за реконструкции прават нови згради да рчеме во центарот на Охрид, изјави Мицкоски, по присуство на на настан по повод 80 години јубилеј на републичкиот Црвен крст.

Премиерот потенцираше дека препораката од Извештајот се однесуваше за периодот од 2017 година до март 2024.

– Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнител период и да почнеме со имплементирање на тие препораки. За таа цел Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која овие дивоградби посебно во Охрид, а посебно оние кои имаат одобрение за реконструкција а прераснуават во станбени објекти ќе бидат срушени. И со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои ги злоупотребуваат, а не треба на јавноста да и кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион, наведе Мицкоски.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Со тоа, Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Инаку, во нацрт-одлуката на Комитетот на УНЕСКО со која се бараше Охридскиот Регион да биде ставен на листата на загрозено културно наследство, беа посочени и забелешките наведени во реактивната мониторинг-мисија од минатата година, со заклучок дека урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикацијата на езерото, големите инфраструктурни и други проекти предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заштитеното подрачје, што довело до неповратна деградација

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

To top