Македонија

Нова дигитална услуга на МВР

Уверение за жителство онлајн достапно

Министерството за внатрешни работи информира дека интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа до приближување на своите услуги до граѓаните.

Од денеска на националниот портал uslugi.gov.mk  електронски е достапна една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:
https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа:

Апликација за дозвола за оружје
Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица
Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за  правни лица.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top