Хроника

Уапсени двајца пиромани во Скопје

Фатени на дело

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија), информира МВР.

Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).

Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Внукот на Химлер: Целиот мој живот беше лага

Кога бил дете и растел во северна Германија, Хенрик Ленкајт често патувал со своите родители да ја посетат бабата од мајчина страна на југот на земјата. Таа била топла и насмеана жена, која секогаш го пречекувала со чоколади и нежност , но и која криела огромна тајна.

Традиција долга векови: Откриен леб стар околу 8600 години

На археолошкиот локалитет Чаталхујук во провинцијата Коња, Турција, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО, археолозите открија квасен леб стар околу 8.600 години, пронајден покрај остатоци од силно оштетена печка.

Најнови вести

To top