Македонија Бизнис

Зошто младината бега од реалниот сектор и моли за вработување во администрација?!

За работат во државно сè уште важи поговорката „клати врата земај плата“. Водени од оваа идеја и од тоа дека „државно си е државно“ и покрај пониските плати, младите кои не заминале во странство повеќе сакаат да влезат во државна администрација, околку да работат во некоја фабрика или на градилиште.

Сè поголем број млади наместо во градежништво и индустрија избираат да работат во државната администрација. Причината, според работодавачите, е што во државната администрација не се работи како во приватниот сектор, објави Вечер. За работата во државната администрација сè уште важи поговорката „клати врата земај плата“. Водени од оваа идеја и од тоа дека „државно си е државно“, и покрај пониските плати младите кои не заминале во странство повеќе сакаат да влезат во државна администрација, околку да работат во некоја фабрика или на градилиште.

Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека младите повеќе сакаат да работат во јавен сектор, бидејќи имаат поголема слобода во однос на работното време, одмор, слободни денови.

  • Младите повеќе сакаат да работат во јавен сектор и покрај тоа што платите се пониски, бидејќи имаат поголема слобода во однос на користење на работното време, одмори, слободни денови, боледување… Така на пример, познато е дека во многу јавни сектори на работниците им даваат неплатен одмор и тие одат по неколку месеци на сезонска работа во странство, а потоа се враќаат на истото работно место. Се покажа дека и без нив работата може да функционира. Тоа не е дозволено во приватен сектор, каде работодавачот мора да најде замена за тој работник, за да не трпи производството, изјави за весникот ВЕЧЕР, Димитров.

Тој вели дека бизнисот ги поддржува реформите кој ги најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, дека и во јавниот сектор мора да се обезбеди продуктивност и да се заработи платата.

Според Миле Бошков, доколку младите сакаат побрзо професионално да напредуваат, подобра опција им е приватен сектор, отколку јавна администрација. Сепак, градежниците кои мака мачат да најдат работна сила бараат државните институции да не им ги го зема кадарот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

To top