Македонија

ОМО „Илинден“ – Пирин и „Илинден“ Тирана со остра осуда на злоупотребата на ЕП од Бугарија

Македонската нација и нејзините малцинства се тука за да опстанат, независно од сите назадни негатори во соседството

Ние во ОМО „Илинден“-Пирин, како членови на ЕФА (Европската слободна алијанса) со поддршката на ОМО „Илинден“, Репресираните Македонци во Бугарија и другите македонски организации во Бугарија направивме сѐ што можеме за извештајот за Македонија во Европскиот парламент да помине без промени. Се трудевме да го вртиме вниманието на европските парламентарци и на тоа што Бугарија го прави со македонското малцинство во Бугарија.

Тоа беше месец на засилено лобирање во кое ги вложивме сите наши сили и скромни можности. Во процесов ние ја имавме целата поддршка на ЕФА, на која специјално ѝ се заблагодаруваме. За несреќа егоистички интереси повторно преовладаа, но борбата продолжува и правдата ќе победи! Македонската нација и нејзините малцинства се тука за да опстанат, независно од сите назадни негатори во соседството – соопштија од ОМО „Илинден“–Пирин.

И македонското друштво „Илинден“-Тирана најостро ја осудува злоупотребата на Софија, која со децении пласира дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Отстранувањето на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ. Тоа ја легитимира злоупотребата на Бугарија за вршење притисок врз држава кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности, се вели во реакцијата на друштвото „Илинден“-Тирана.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го потсетува бугарското раководство дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се историски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме – се посочува во реакцијата на македонското друштво.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото

(Видео): Ова е човекот кој ги запали двете дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата паркирани на тротоарот пред Амбасадата. Додека се упатува кон нив, лицето од пластична кеса вади шише со непозната течност и ги полева возилата. Потоа се гледа како предниот дел од автомобилот „сузуки“ гори, а лицето што го предизвика запалувањето бега.

To top