Во рок од 12 часа, над 20.000 Македонци одлучија да го поминат празникот во странство. Преку граничниот премин Богородица влегле 7945 наши државјани, а 2708 странци ја напуштиле земјата.
- „На граничниот премин Богородица денес од 12:00 до 12:00 часот, во земјата влегле 1.224 македонски државјани, а излегле 7.954 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период, во нашата земја влегле 3.098, а излегле 2.708“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи вели дека 3.040 македонски државјани и 4.430 странски државјани ја напуштиле земјата преку преминот Блаце.
- „На граничниот премин Блаце од вчера до денес, од 12:00 часот влегле 1979 македонски државјани, а 3040 ја напуштиле земјата. Што се однесува до странските државјани, во истиот период во нашата земја влегле 6339, а 4430 ја напуштиле“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.
Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство