Македонија

Градоначалничката Данела Арсовска физички нападната во Чаир

Мотивите и сите околности на инцидентот засега не се познати

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска била физички нападната, но добила и вербални закани.

На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – соопшти МВР.

Мотивите и сите околности на инцидентот засега не се познати.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top