Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е подготвена да воведе ограничувања при точење гориво доколку се зголеми притисокот врз домашниот пазар, особено поради зголемената потрошувачка од странски државјани.
Иако во моментов нема рестрикции, Мицкоски јасно порача дека оваа опција е на маса и ќе се активира ако се појави ризик од нарушување на снабдувањето.
„Во овој момент не гледаме причина да го ограничиме точењето гориво, но доколку дојде до таков предизвик, ќе донесеме одлука со која ќе се ограничи конзумот и износот“, изјави премиерот.
Според него, Македонија моментално има стабилно снабдување и доволни резерви, но зголемениот интерес од граѓаните од соседните земји веќе создава дополнителен притисок.
Дневно се трошат до 150.000 литри гориво од странски возачи, што е околу 10 проценти од вкупната потрошувачка.
Ограничено точење горива на бензинските во Словенија, особено за странци