Македонија

Милошоски: Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но некој друг го има далечинското

Пратеникот оценува дека „до пред извесно време битната политичка партија во Македонија“ во моментов е без компас

Пратеникот Антонио Милошоски оценува дека СДСМ во моментов нема политички компас на делување, жестоко се пресметува со секој во и околу партијата со поинакво мислење, а раководството се чувствува несигурно поради можни истраги од надлежните институции.

„Венко Филипче се појавува како јавно лице на СДСМ, но според тонот и речникот може да се насети дека вистинското влијание доаѓа од други актери во заднина. Некој друг го има далечинското во рацете. Венко Филипче само номинално е претседател на СДСМ, а суштински гледаме дека не ги креира политиките на оваа, до пред извесно време, битна политичка партија во Македонија“, изјави Милошоски за Алфа ТВ.

 

Најнови вести од: Македонија

To top