Македонија Бизнис

Како новата трансформаторска станица Охрид го поврзува европскиот пазар на струја?!

Министерката Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид, дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.

На терен, министерката Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.

Енергетскиот сектор изминатите седум години беше занемарен, а напорно се работи за подобрување, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на трибина на ВМРО-ДПМНЕ ,,Од енергетска стабилност до силна економија“ во Куманово. Божиновска како некои од постигнувањата ги посочи новиот Закон за енергетика, подобрувањето на наплатата на давачки, и успешното отворање на гасоводот со Грција. Најави дека ќе има  воведување на енергетски заедници, а поделбата на инвертери ќе продолжат и оваа година. Божиновска истакна дека напорите за промени се веќе видливи, но за да се постигнат значајни резултати потребно е повеќе време.

  • Како што беше во програмата на ВМРО дека ќе се основа за прв пат, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Се основа со формирање на новата Влада. Тој процес воопшто не беше лесен. Една година ние работиме напорно, за сето тоа да го поправиме, меѓутоа, тоа што седум години беше девастирано не е возможно да се реши толку брзо. Тука не е само енергетскиот значи зборуваме и за рударството. За издадени многу концесии за кои не се водело грижа. Немавме евиденција дали плаќале дали не плаќале, рече Божиновска

Таа додаде дека се работи на легислативата, а резултатите воресорото енергетика се веќе видливи.

  • Сето тоа ние ќе го промениме, работиме на тоа. Прво што правиме е легислатива. Работевме на легислативата, го донесовме првиот Закон за енергетика со помош и на пратениците. Имавме 14 јавни дебати. Ги вклучивме сите. Прифативме и од опозицијата амандмани, се со цел за граѓаните. Се што е добро за граѓаните, ние прифаќаме. Воведовме ред исто така и во минералните суровини. Од оваа година за 100 проценти ги зголемивме сите давачки. Имаме наплата во првиот квартал дупло повеќе од минатата година, кажа Божиновска.

Потенцираше дека гасоводот со Грција е голем успех за Владата, дека спроведувањето на тендерот донесе заштеда од 12 милиони евра, а проектот ќе го реализира македонска компанија.

  • Денеска имавме прекрасен настан. Беше отворање на гасоводот со Грција. Минатата влада не го спроведе тендерот. Ние кога дојдовме наидовме на тендер кој после 9 месеци беше поништен. Ние го спроведовме и добивме 12 милиони евра поевтина понуда. Фирмата е македонска. Ние сме многу среќни што ќе имаме повеќе 12 милиони евра за македонските граѓани и што ќе може да останат тука за македонска фирма, истакна Божиновска.

Таа се осврна и на цената на струјата, која не се зголеми,  а се преземаат мерки за енергетска поддршка, како што се поделбата на инвертери и создавање енергетски заедници за поевтини сметки во големи згради. Според неа, иако напорите се во тек и некои резултати веќе се видливи, потребно е повеќе време за целосна имплементација на промените.

  • Цената на струјата од први јули не се зголеми. Се прават напори исто така со новиот Закон да се даваат, минатата година поделивме околу 6000 инвертери, оваа година ќе делиме повторно. Ќе имаме и енергетска сиромаштија. Сите што навистина им е потребно, ќе им излеземе во пресрет.  Ако сте повеќе во една голема зграда може енергетски заедници, за да ги добиете поевтино сметките, ќе направиме еден план. Се ќе ставиме на веб сајтот на министерството. Ние работиме на промени и се надевам дека тоа се гледа за една година, меѓутоа потребно е многу време, заклучи Божиновска.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Предлог-буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

Претседателот на Собранието, Африм Гаши соопшти дека Предлог-буџетот за 2026 година ќе се најде на пленарна седница на 9 декември, а овластените предлагачи ќе можат да достават амандани до 10 ноември. На 11 или 18 ноември се очекува да биде свикана седница за поставување пратенички прашања од опозицијата до претставниците на Владата.

Лани во минус, годинава со добивка – Тутунскиот комбинат Прилеп пример за успех

Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2025-30.09.2025 покажува добивка во износ од 1.098 илјади денари. Споредбено со претходната  2024 година  во истиот период,  имавме негативен финансиски резултат од 117.729 илјади денари – се посочува во извештајот на Тутунски комбинат.

Засилени стратегии и намалена бирократија – Владата подава рака на е-трговија

Владата на Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите.

To top