Македонија

Дуковски за Фрчко: Амебо, ќе ти треба ли бранител?

Откако во јавноста беше објавено дека Љубомир Фрчкоски е обвинет за злоупотреби на мисијата на ООН, се огласи адвокатот Сашко Дуковски, со тврдење дека Фрчкоски барал да биде исклучен од Хелсиншки комитет затоа што го бранел Митко Чавков за настаните на 27 април. „Вака сега! Оваа човечка амеба. ултра искомплексирана, до небо( пустиот) можеби поради […]

Откако во јавноста беше објавено дека Љубомир Фрчкоски е обвинет за злоупотреби на мисијата на ООН, се огласи адвокатот Сашко Дуковски, со тврдење дека Фрчкоски барал да биде исклучен од Хелсиншки комитет затоа што го бранел Митко Чавков за настаните на 27 април.

„Вака сега!

Оваа човечка амеба. ултра искомплексирана, до небо( пустиот) можеби поради нискиот раст( midget) , познат насилник врз жени и човечки фалименто, со љубов кон државен кеш , на времето пред 5-6 години, кога бев член во Хелсиншкиот комитет за човекови права( пред потполно да стане ќелија на СДСМ), на состанок на управен одбор каде јас бев член , а не бев присатен на тој состанок, побарал да ме исклучат од именуваната организација.

Океј, но зошто?

Затоа што сум го бранел Митко Чавков во предметот 27 Април.

Кога некој од останатите членови го прашале како може да бара да бидам исклучен од Хелсиншкиот комитет само затоа што сум бранител на Митко Чавков и дека секој има право на бранител, оваа човеколика бубашваба рекла: ” За припадници на режимот нема бранители”…и остана жив глушецот…

Професорот и голем демократ тоа го побарал, истиот тој кој учеше студенти на право за човекови права и слични глупости…

Тешко на тие студенти.

Секако барањето му беше одбиено……

Нејсе!

Сега,имам едно прашање до овој ” демократски” пуноглавец.

Дали сега тебе ќе ти биде потребен бранител, м , што викаш, ќе ти треба а?

Или , по твоето видување, на битанги како тебе секако не им следува?

Не, ти имаш право на бранител и,искористи го!

Секако ќе останеш беден, мал човек со комплекси..

Бљах.“, напиша тој.

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top