Македонија

И колегите не ја поддржаа – Советот на јавни обвинители ја одби поплаката за премиерот од Ленче Ристовска

Нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет

Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно ја одбил иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска.

Во претставката Ристовска тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ.

Во иницијативата Ристоска тврдела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на веб-страницата на партијата.

Како што образложи членот Маријана Илиевска, Комисијата утврдила дека изјавите и нападите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката.

,,Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување”, рече таа.

Во заклучокот, кој Советот едногласно го усвои, е наведено дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

To top