Поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, заедно со уште едно лице, го уценувала сопственикот со закани дека ќе објави компромитирачки фотографии ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра.
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според информациите од МВР, на 07.02.2026 година, првопријавената – поранешна вработена во угостителскиот објект – го уценувала сопственикот дека доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра, ќе објави фотографии на социјална мрежа како „доказ“ за наводно несоодветно ракување со храната во објектот, со цел да му наштети на угледот на локалот.
Во извршувањето на делото ѝ помагал второпријавениот, М.Д. (43).