Македонија Бизнис

(Фото): Пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

Првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун, официјално беа пуштени во употреба. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека само за една година успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија.

Убава вест за Македонија. И официјално беа пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун. На овој начин граѓаните и туристите кои ќе патуваат во Охрид ќе возат по модерен автопат, а патувањето ќе биде посигурно и побезбедно. Како што најавија од Владата, за многу скоро време ќе биде завршен и вториот дел, а до крајот на идната година и целиот автопат. Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека само за една година успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија и со работа и посветеност докажавме дека и автопатот Кичево – Охрид може да се реализира. Тој рече дека паралелно со овој проект во државата се реализираа низа други капитални проекти и беа пуштени во употреба многу нови патишта.

  • Денес заедно сведочиме на нешто што за многумина изгледаше веќе невозможно. Ова не е само пуштање на употреба на автопатска делница, туку ова е момент на враќање на вербата, доказ дека кога ќе ја преземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат. На овој потег на делницата Пресека – Песочани денес се вози по нов автопат. Само за една година успеавме да го откочивме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти, кој беше симбол за застој, а денес е симбол на новото време. Седум години нерасчистени имотно-правни односи, нефункционални институции и недомаќинско работење. Секој метар од овој автопат е изграден со напорна работа и со јасна волја да се стави крај на неуспехот од минатото, изјави Мицкоски и додаде дека следната година ќе биде целосно завршен и ќе биде пуштен во употреба.

После 11 години откако почна да се гради автопатот Кичево-Охрид, денеска висока државна делегација на патот кај Дебарца, промовираше дека се завршени 20 километри на потегот од Врбјани до Ботун од автопатот, кој е со вкупна должина од 57 километри.

  • На ова јас би ги додал и делницата која што исто така е дел од Коридорорт 8, а тоа е Гостивар- Букојчани која што ја затекнавме речиси никаде, иплатени само авансни фактури, а на терен буквално ништо не беше направено. За разлика од пред една година, тамо сега се работи, се гради и јас сум оптисмист дека и пред рокот ќе го завршиме овој дел од автопатот кој што е значаен дел од Коридорот 8 – порача Мицкоски.

Вицепремиерот и министер за транспорт  и врски Александар Николоски кажа дека до крајот на 2026 ќе биде готов и целиот автопат.

Николоски рече дека со изградбата на овој автопат побрзо ќе се патува до Тетово, до Гостивар и до Скопје, ќе се поврзе Македонија со Албанија и секако ќе се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите кои сакаат да ги посетуваат.
– „Само сакам да кажам две работи, првата дека ова беше симбол за неспособноста на минатата Влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нашите политички опоненти. Второт е дека е многу значајно и симболично е што првиот дел од патот го отвораме во славна Дебарца – овде има многу историја, многу приказни а сега и модерен автопат“ рече Николоски.

До 31 декември 2026 е последниот рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид. Владата на седницата на 26 март 2024 донесе одлука за продолжување на рокот за изградба на делницата.

„Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница“, соопшти тогаш Владата.

Автопатот Кичево-Охрид до овој момент со сите анекс договори чини преку 600 милиони евра. Започна да се гради на 22 февруари 2014. Кредитот за оваа капитална инвестиција беше земен од кинеската банка „Ексим“ и државата треба да го врати за 20 години. Во октомври 2013, Собранието го одобри кредитот, а во ноември беше потпишан договорот меѓу македонската Влада и кинеската компанија.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

To top