Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септ

-Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30  септември. Значи веќе добивме одложување. Тоа е доволен период да се завршат сите процедури. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот. Очекуваме за неколку седмици да биде усвоен. Во Романија влезе во процедура. Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот, рече вицепремиерот Николоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи на изградбата на првата делница од „Градскиот воз“.

Тој најави дека во втората половина на април македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе одат во Австрија, каде на средбите ова ќе биде една од главните точки.

-Останува уште Германија и со тоа главните рути на македонските транспортери се решени. Сега како следната голема рута е Велика Британија, но имајќи предвид дека таа е надвор и од Европската унија и од Шенген зоната, таму има посебни правила кои што и досега се применуваа, рече вицепремиерот  и министер за транспорт Николоски. сст/дма/

Фото: Министерство за транспорт 

 

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: Дали целта на проектот на СДСМ „Готови пари во џеп“ е нивните функционери да си ги наполнат џеповите како што правеа и кога беа на власт?!

„СДСМ ја претстави на својот 32-ри конгрес програмата со проект ‘Готови пари во џеп’. Но, дали целта на овој проект е нивните функционери да си ги наполнат своите џепови?!“  – прашува информативната агенција „Нетпрес“ во својот редакциски коментар „СДСМ во новата програма ветува ‘кеш во џеб’, дали тоа важи за нивните функционери?“.

Мицкоски: Можно е намалување на даноците за транспорт, но не и за цигари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со инфлацијата и разгледува таргетирани мерки во интерес на граѓаните, но засега нема да интервенира кај цените на алкохолните пијалоци и тутунските производи.

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

To top