Македонија

Мицкоски: Македонија е прва во Европа со ваков стратешки дијалог со САД, ретка руда од паланечко ќе се извезува во Оклахома

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави.

Македонија е првата европска земја која одржува стратешки дијалог на толку високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја тековната посета на македонската делегација во Вашингтон.

Делегацијата е предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој остварува средби со второто лице на американскиот Стејт департмент.

Премиерот Мицкоски истакна дека на маса се исклучително важни теми за иднината на државата.

„Темите кои ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, билатералната соработка, енергетиката, како и инфраструктурата во која силно инвестираме. Посебен фокус е ставен и на соработката во одбранбената индустрија, каде очекуваме голем напредок“, рече Мицкоски.

Една од најзначајните вести од овој стратешки дијалог е промоцијата на голема американска инвестиција во рударскиот сектор во Македонија. Станува збор за експлоатација на реткиот минерал антимон во кривопаланечкото село Луке.

Според премиерот, теренските истражувања се блиску до крај и наскоро се очекува почеток на ископувањата. Економскиот бенефит за државата се очекува да биде значителен, бидејќи целото производство ќе биде наменето исклучиво за американскиот пазар.

„Ќе се извезува во САД. Од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома, со што се создава еден заокружен циклус. Ова е нешто кое што е многу важно за македонската економија и за нас како граѓани“, заклучи премиерот Мицкоски.

Поврзани вести

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Најнови вести од: Македонија

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

Волонтери од ТАВ Македонија подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица

Како дел од своите заложби за корпоративна општествена одговорност, ТАВ Македонија продолжува да ги поддржува локалните заедници преку волонтерски иницијативи и партнерства што ја промовираат солидарноста и социјалната инклузија, потврдувајќи дека и малите дела можат да направат значајна разлика.

Група лекари реагираат, поради „нелегитимност и низа скандалозни одлуки“ и бараат „одговорност во Лекарската комора“!

„Како лекари и членови на Лекарската комора со длабока загриженост и чувство на професионална одговорност реагираме, поради серијата неправилности, кои сериозно го нарушуваат интегритетот на изборниот процес, а со тоа и угледот на целата наша струка.“ – стои во дописот од група на доктори кои биле вклучени во тие избори.

Бугарија бара „гарантирање на правата на Бугарите во Македонија“, а Македонците за неа таму „не постојат“ и немаат никакви права!

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во бугарското Народно собрание, објавија бугарските медиуми.

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

Најнови вести

To top