Македонија

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад со боксови и нож врз двајца на гробишта во Бутел

Основното јавно обвинителство од Скопје поведе постапка против три лица, осомничени за кривично дело „насилство“ по вчерашниот инцидент во Бутел.

Според Обвинителството, нвчера, на 7 април 2026 година осомничените – татко и неговите два сина – во група малтретирале и грубо навредувале двајца оштетени, предизвикувајќи чувство на страв, несигурност и загрозување во јавноста. Како мотив се наведува одмазда. Осомничените ги пресретнале оштетените на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, по што започнале физичка пресметка.

Тие ги удирале со боксирач и боксови, замавнувале со нож. Во еден момент првиот осомничен извадил гасен пиштол и го удрил едниот од нападнатите во главата, при што пиштолот испукал. Од нападот, двајцата оштетени се здобиле со повеќе телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.

Најнови вести од: Македонија

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Кафулиња и маркети ќе му плаќаат на „Комуналец“ за сопствени контејнери и собирање ѓубре

Од Град Скопје појаснуваат дека досегашната одлука не содржела одредби за оваа комунална дејност, поради што се наметнала потребата од нејзино дополнување. Со новите измени, ЈП „Комунална хигиена“ се утврдува како единствен овластен субјект за собирање и транспорт на комуналниот комерцијален отпад на територијата на градот.

Објавена Заедничка изјава за стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД – јакнење на соработката во клучни области, енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста

Владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на вториот состанок за стратегискиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

Најнови вести

To top