Бизнис

„Блумберг“: Русија заработува по две милијарди долари неделно од извоз на нафта среде војната на Блискиот Исток

Од 8 март до 5 април Русија извезуваше просечно 3,35 милиони барели нафта дневно – највисоко ниво од јуни 2022 година

Помеѓу 8 март и 5 април Русија извезуваше просечно 3,35 милиони барели нафта дневно – највисоко ниво од јуни 2022 година, објави „Блумберг“.

Севкупно, Москва заработи околу 2,02 милијарди долари неделно од извоз во овој период.

Затворањето на Ормускиот Теснец блокираше повеќе од 12 милиони барели сурова нафта од Блискиот Исток и придонесе за распродажба на руските резерви на море, бидејќи рафинериите очајно бараа алтернативни извори на јаглеводороди.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top