Бизнис

Германците почнаа да крадат гориво – Цената на горивото се приближи до евра до 2,40 литар

Германското здружение на оператори на бензински пумпи информира дека поради зголемениот број на кражби некои пумпи се затвораат ноќе.

Високите цени на горивата во Германија го зголеми бројот на кражби на бензинските пумпи, поради што некои сопственици почнаа да ги затвораат објектите во текот на ноќта, објави Германското здружение на оператори на бензински пумпи, пренесе Плусинфо. Според нивните изјави, и помладите и постарите граѓани крадат гориво.

  • Психолошкиот праг за кражба очигледно падна бидејќи цените се приближија до износот од 2,40 евра за литар. Некои едноставно се оддалечуваат од станицата без да платат – рече портпаролот на здружението Херберт Рабл.

Случаите продолжуваат и покрај високиот ризик, бидејќи речиси сите бензински пумпи во Германија се под видео надзор. Сепак, искусните крадци користат украдени регистарски таблички или ги прикриваат за да избегнат идентификација, пишува Билд. Во септември, цените на дизелот и поевтиниот бензин Е10, кој содржи до 10% биоетанол, достигнаа историски рекорди во Германија.

Најнови вести од: Бизнис

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

Станбен кредит со каматна стапка од 2,95% – Вашиот следен чекор кон сопствен дом со НЛБ Банка

Сопствениот дом е повеќе од адреса. Тој е омилениот простор за утринско кафе, просторот за заеднички моменти и местото во кое новите планови добиваат своја соба. За сите што се подготвуваат за овој важен животен чекор, НЛБ Банка нуди станбени кредити со каматна стапка почнувајќи од 2,95% и без нотарски трошоци за одобрување на кредитот.

УЈП: Плати за септември не исплатиле навреме 25.343 работодавачи за повеќе од 72 илјади вработени!

Повеќе од 72 илјади вработени во Македонија се погодени, бидејќи не ја добиле навреме целосната бруто-плата за септември 2026 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи. Обврската во законскиот рок не ја исполниле вкупно 25.343 работодавачи.

Најнови вести

To top