Македонија

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата сила и нашата иднина

Моменти кога треба да се обединиме како народ

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по повод големиот христијански празник Велигден, им посака на верниците среќни празници, среќа, здравје и љубов во нивните домови. Тој, на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје,

-Ова се празници кога и смислата на нашето постоење се гледа преку овој празник, но и суштината на нашиот живот, моменти кога треба да се обединиме како народ, изјави Ѓорѓиевски по литургијата.

Ѓорѓиевски порача дека Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот.

Ден кога човештвото ја добива најголемата утеха и најсилната порака, дека љубовта Божја е посилна од сè и дека секое страдање има своја смисла, а секоја жртва, своја светлина.

Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе.
Деновите што изминаа беа време на тишина, преиспитување и духовно очистување, пат што нè води кон обновување на душата.
Токму затоа денес, со чисто срце и отворена душа, го славиме Воскресението Христово, носејќи ја во себе радоста што нè обединува и нè прави подобри луѓе.

Нека овој светол празник ни донесе здравје, љубов и благосостојба, нека ни ја зацврсти верата и нека нè поттикне на добрина, разбирање и човечност.

Да си подадеме рака еден на друг, да простиме, да помогнеме и да продолжиме напред со надеж и вера.

Најнови вести од: Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

ВМРО-ДПМНЕ: Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче на својот бугарски претседател да пренесе дека очекуваме испорака на пресудите од Стразбур

Манасиевски порача дека специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче треба да му пренесе на новиот бугарски премиер Румен Радев дека Македонија „нема да се помести ниту милиметар“ додека не се исполнат обврските.

За компаниите што не ги почитуваат правилата на пазарот – 200.000 евра казни

Измените, треба да обезбедат посилна заштита на производителите и добавувачите, особено во секторот на храна и земјоделски производи, каде најчесто се јавуваат спорови околу условите за соработка со големите трговски синџири

To top