Македонија

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – мостот на „Љубљанска“ конечно ќе биде ставен во функција!

Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град

default
Зборот е збор – мостот на „Љубљанска“ конечно ќе биде ставен во функција! – објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,
„Довербата што ја добив од вас, мојот народ, за мене е најголема обврска.
Обврска да се работи, да се решаваат проблемите што со години стоеле заглавени и да се носат резултати кои граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневието.
Денес, со особено задоволство можам да информирам дека по години застој, продолжува финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на скопјани.
Ова е проект од огромно значење за градот!
Со неговото завршување, Скопје добива нова, современа и функционална сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на градот, која ќе овозможи подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, но и значително ќе ги растовари булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“.
Со ова решение, граѓаните ќе добијат побрз, побезбеден и поефикасен излез кон обиколницата, а сообраќајот во овој дел од градот ќе се одвива многу полесно и поорганизирано.
Проектот, во минатото беше стопиран поради неопходноста од обезбедување мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар, со цел целосна заштита на локалитетот „Скупи“.
Но, со сериозна работа, одговорен пристап и силна волја, потребната дозвола е обезбедена, културното наследство е заштитено, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет.
Паралелно со изградбата, се предвидува и современо сообраќајно решение за влезот во селото, преку кружен тек или адаптивна семафоризација, согласно реалните потреби на теренот.
Со ова, ќе има помал метеж, поголема безбедност, подобар проток за возила и пешаци и целосна заштита на културното наследство кај Скупи.
Унапредувањето на патната и сообраќајната инфраструктура е еден од нашите врвни приоритети, затоа што тоа директно значи подобар квалитет на живот за секој граѓанин.
Скопјани заслужуваат функционален, поврзан и модерен град.
Продолжуваме силно, одговорно и со дела“ објави градскиот татко.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top