Македонија

Велигденска забава за сите генерации во Градски парк

Во духот на најголемиот христијански празник, денеска во Градски парк во Скопје се одржува Велигденска забава, организирана од ХУ „Св. Спас“ од Драчево, со поддршка на Град Скопје

Во духот на најголемиот христијански празник, денеска во Градски парк во Скопје се одржува Велигденска забава, организирана од ХУ „Св. Спас“ од Драчево, со поддршка на Град Скопје.

Настанот, како што објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, е посветен на афирмирање на хуманоста, солидарноста и заедништвото како темелни вредности што нè поврзуваат и обединуваат, особено во денови исполнети со вера, надеж и љубов.

-Во празнична атмосфера, забава е подготвена за сите генерации, збогатена со настапи на наши познати македонски изведувачи. Нека овој ден биде потсетник дека вистинската радост се множи кога се споделува, а празничниот дух станува уште посилен кога сме заедно, со отворено срце и добра мисла за секого – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Најнови вести

To top