Македонија

Ѓорѓиевски: „Скопје 2028“ е обврска да го зајакнеме европскиот дух на градот

Скопскиот градоначалник домаќин на колегите од Кемниц, Гориција и Нова Горица во функција на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска беше домаќин на колеги од Само Турел од Кемниц (Германија), Родолфо Зиберна од Гориција и Џозефин Хаге од Нова Горица (Словенија), од кои доби поддршка и совети за успешна реализација на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.

„Оваа средба е вистински простор каде културата дише, се движи и создава. Токму во тоа е суштината на Европската престолнина на културата – да го истакнеме богатството на различностите, но уште повеќе – да изградиме мостови на заедништво, разбирање и заеднички европски идентитет. За Скопје, патот до 2028 е процес на отворање, на учење, на поврзување, процес во кој културата станува двигател на промени што гради похуман, поотворен и посилен град“, рече Ѓорѓиевски.

„’Скопје 2028′ е обврска да го зајакнеме европскиот дух на градот, да создадеме нови партнерства и да ги вклучиме граѓаните, младите, уметниците и институциите во една заедничка приказна на трансформација“, додаде тој.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top