Македонија

Успешен почеток на туристичката сезона во Дојран за Велигден

Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во Дојран, кој домашни, но и странски туристи го посетија токму за Велигден

Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во Дојран, кој домашни, но и странски туристи го посетија токму за Велигден. Угостителите и хотелиерите, но и издавачите на приватно сместување велат дека се задоволни од посетеноста и доколку временските услови се поволни очекуваат побројни посети на Дојран и во наредните викенди.

– За изминатите четири дена имавме околу 80 до 90 проценти исполнетост на хотелиерското сместување, а стандардно полни сме и во ресторантскиот дел, велат во изјава за МИА од еден од хотелите во Стар Дојран.

Викендов низ преполните паркинзи во централното подрачје на Дојран можеа да се забележат посетители од повеќе градови меѓу кои најчести беа од Струмица, Радовиш, Валандово, Штип, како и сопствениците на викендици од главниот град, а имаше туристи и од соседна Грција и Бугарија.

Убавото време посетителите го искористија за спортска рекреација по патеката покрај Дојранското Езеро, на шеталиштето во центарот на градот, како и за прошетка во градскиот парк.

Во угостителските објекти се бараше место повеќе за да се проба вкусната дојранска храна, посебно специјалитетите од риба по кои Дојран е најпознат.

Фото: МИА

Најнови вести од: Македонија

Над 40 проекти на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

„Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.“ – објави претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на својот официјален фејсбук-профил.

To top