Македонија

Мицкоски: Немам очекувања дека ќе се врати Груевски во Македонија, но ако го стори тоа ќе биде упатен на отслужување затворска казна

Ако се појави Никола Груевски во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш откако ќе се појави органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно со правосилна одлука, посочи премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за можно израчување на поранешниот премиер Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира.

„Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ на регионот, вклучително и на Македонија. Што се однесува до специфичните политики поврзани со екс премиерот Груевски, тие се одлука на унгарската влада. Јас како што сум запознаен, екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година, и дополнителни коментари треба да се побараат од Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум премиер“, рече Мицкоски.

Тој тврди дека нема никакви очекувања.

„Но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. Но ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања“, рече Мицкоски на настан во Царинската управа.

Најнови вести од: Македонија

Во демиркаписко Прждево со традиционален обичај испратен Велигден

– Се фаќаат мажи на оро во круг, а на нивните рамена се качуваат други. На тој начин мештани, или иселеници од овој крај, ја прават кулата. Се вртат така во круг три пати и се пеат стари песни од минатото на луѓето кои живееле на овие простори. Сето тоа се случува сред село, во присуство на голем број жители на селото, иселеници, гости од различни краеви

Самсунг (“Samsung”) го претставува 14-метарскиот Onyx Cinema LED екран на CinemaCon 2026

Најновиот модел ги нуди истите клучни перформанси и сигурност како и 5-метарската и 10-метарската верзија, сега оптимизиран за поголеми премиум кина.
Со дизајн што може да се скалира, водечка сигурност во индустријата и растечка глобална примена, “Samsung“ го проширува своето водство во премиум кино LED технологијата

To top