Македонија

(Фото): Ацо Ристов и официјално стапи на чело на Регулаторната комисија за енергетика

Новоизбраниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија, Ацо Ристов, стапи на функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на Комисијата.

Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик претседател на комисијата. Како што соопштија од РКЕ, на  средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информирале Ристов за тековните активности на Комисијата поврзани со енергетските реформи, како и за состојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад.

  • Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ делува во време на ценовна нафтена криза и мерките кои се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати – велат од РКЕ.

Оттаму додаваат и дека била презентирана и временската рамка и процесот на усогласување на подзаконските акти и методологии со европското законодавство, што е обврска од новиот Закон за енергетика, како и обврските кон меѓународните институции како што е Енергетската заедница, Асоцијацијата на регулатори за вода од Европската Унија – WAREG и Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ERRA.

Најнови вести од: Македонија

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top