Регион

Зграда пламна во Тирана, петмина повредени (ВИДЕО)

Снимките покажуваат како граѓаните се евакуираат преку противпожарни скали низ прозорец на зградата во која живееле неколку постари лица

Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца пожарникари, беа повредени денеска, откако избувна пожар во станбена зграда во Тирана, во близина на болницата „Мајка Тереза“, јавија албански медиуми.

Не е познато како избувнал пожарот, кој брзо се проширил на целата зграда.

Во операцијата за гаснење се вклучени и хеликоптери, кои летаат над областа и го гаснат пожарот од воздух.

Снимките покажуваат како граѓаните се евакуираат преку противпожарни скали низ прозорец. Неколку постари лица живееле во зградата.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top