Полицијата во Охрид денеска уапси 55-годишен Охриѓанец, со иницијали Ц.Н. Тој е осомничен дека предизвикал пожар во својот стан на улицата „Гоце Делчев“. Жителите на зградата се евакуирани, а осум лица се пренесени во болница.
„Со брза интервенција на полициските службеници и на припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата, а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и потешкотиии при дишење“, соопшти МВР.
Според Министерството, СВР Охрид, во координација со други служби, презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и за смирување на состојбата.
Откако настанот ќе биде целосно документиран, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“.