Македонија

Објавен нов регионален поетски конкурс “Ars Lyrica Balcanica”

Регионална поетска награда

Со цел да се поттикне современото поетско творештво и да се зајакне културниот дијалог меѓу земјите од регионот, денес официјално е објавен регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“.

Конкурсот има непрофитен културен карактер и е замислен како долгорочна платформа за афирмација на лирската поезија на Балканот, со особен акцент на автентичниот поетски израз, јазичната разновидност и современите поетски тенденции.

Право на учество имаат поети и поетеси од балканските земји, кои можат да се пријават со една необјавена поетска творба, на слободна тема, не подолга од 40 стихови, напишана на мајчиниот јазик на авторот.

Пријавата се доставува по електронски пат и треба да ги содржи следните податоци: име и презиме, град (место на живеење) и држава, e-mail адреса и контакт телефон.

Авторите можат, но не се обврзани, да достават и превод на поетската творба на англиски и/или италијански јазик.

Во рамки на конкурсот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда „Арс лирика балканика“, како и посебни признанија: Награда „Калос“ (Kalòs Prize) за поетска извонредност и особен авторски глас, Круна на лириката(Crown of Lyric) за исклучителен лирски израз, и Златна ода (Golden Ode) за поетска творба со изразена тематска и стилска целовитост, додека по одлука на организаторот може да биде доделено и дополнително специјално поетско признание.

Конкурсот „Арс лирика балканика“ претставува специјална секција во рамки на меѓународниот поетски конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“, кој се одржува во Каникати, Сицилија, Италија.

Во таа насока, селекција на најдобрите поетски творби од Балканот ќе учествува и на наградата „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ за 2026 година, во рамки на меѓународната соработка.

Рокот за испраќање на творбите е 20 мај 2026 година.

По завршување на конкурсот, до сите учесници ќе биде доставена електронска благодарница за учество, додека наградените автори ќе добијат диплома за освоеното признание.

Резултатите од конкурсот ќе бидат јавно објавени, а наградените автори ќе бидат известени исклучиво преку официјалната електронска адреса:arslyricabalcanica@gmail.com

По завршување на конкурсот, доколку бидат исполнети услови и се обезбеди доволен број учесници, ќе постои можност за објавување антологија со избрани поетски творби. Деталите во врска со антологијата ќе бидат дополнително доставени до авторите преку e-mail адресите од кои ќе се пријават.

Конкурсот претставува нов културен мост меѓу поетските гласови на Балканот, со цел создавање простор во кој поезијата ќе остане заеднички јазик надвор од границите и разликите.

Со поднесување на пријава, учесниците даваат согласност нивните податоци да бидат обработувани и користени исклучиво за целите на конкурсот, вклучително и за објава на резултатите и доставување на творбите во рамки на меѓународната соработка со „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ преку медиумите и официјалните комуникациски канали на организаторот и партнерските институции.

📩 Пријавување и информации:

arslyricabalcanica@gmail.com

Најнови вести од: Македонија

Поранешен градоначалник дал дозвола за дива градба – заработи кривична

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“

Славески бара да се заузда со закон растот на банкарските провизии

Во повеќе европски држави веќе постојат механизми за регулирање или ограничување на одредени банкарски трошоци, што може да послужи како пример и основа за дебата во земјава, вели гувернерот на Народна банка

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

To top