Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на TВ Алфа за „перење пари“!

СДСМ до Јавното обвинителство на Македонија поднесе кривична пријава, поради „постоење на сериозни сомневања за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги“.

Пријавата, според соопштението на СДСМ, е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, како и управителите на „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“ ДОО, поради „основано сомневање за сторени повеќе кривични дела“.

„Постојат основани индиции дека од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Овие средства биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и реклами со компании кои немаат реална економска активност на македонскиот пазар. Преку т.н. ‘шел’ компании се заобиколувале законите за транспарентност на медиумската сопственост и финансирање.“ – тврди оваа опозициска партија.

Според СДСМ, „Финансиската полиција веќе констатирала дека се работи за ‘сомнителни маркетиншки услуги’ со цел прикривање на потеклото на парите“.

„Постојат основани сомневања дека биле склучувани нелогични договори и внесувани невистинити податоци во деловните книги, со цел легализација на сомнителен капитал. Постојат сериозни сомневња за перење пари преку лажни реклами и сомнителен капитал како извор на финансирање. За ова имало започната постапка, која очигледно се држи во фиока. Слободата на медиумите не значи слобода за перење пари, ниту одработување во интерес на странски авторитарни режими.“ – наведува СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Робот пречекуваше гости на настан за енергетска транзиција

Дигиталните технологии, автоматизацијата, анализата на податоци и вештачката интелигенција сет неопходен предуслов за модерен, ефикасен и отпорен енергетски систем, но најважни ресурси се луѓето и знаењето, порача министерката за енергетика, Сања Божиновска.

(Фото): Дивиот свет во Преспа: За првпат забележани голем број бебиња и млади шумски желки

Островот Голем Град продолжува да го привлекува вниманието на меѓународната научна јавност. Здружен тим на истражувачи од Македонија, Србија, Грција и Франција учествуваа во годишните студии на неколку видови влекачи, меѓу кои змиите рибарки, поскокот и шумската желка.

АХВ наскоро ќе ги објави фирмите што манипулирале со декларации на млечни производи

Според Агенцијата, предмет на анализа биле 45 мостри од млеко и млечни производи, при што кај десет оператори било констатирано дека примероците не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односno производите содржеле помал процент на млечни масти од она што било истакнато на декларациите.

To top