Регион

Русија ја поздравува победата на Румен Радев

Тој не ја маскира својата проруска ориентација, која ја демонстрираше како шеф на државата. Поранешниот претседател покажа афинитет кон Москва за историски, економски и воени прашања во своите јавни изјави за време на изборната кампања

 

Москва ги поздравува повиците за дијалог од поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој победи на парламентарните избори на 19 април и изрази желба за обновување на односите со Русија.

„Секако, импресионирани сме од зборовите на г-дин Радев, кој победи на изборите, како и од неколку други европски лидери за нивната подготвеност да решаваат проблеми преку дијалог, прагматичен дијалог со Руската Федерација. Го поздравуваме ова. Исто така, веруваме дека сите постоечки несогласувања, какви било разлики во меѓусебните интереси можат и треба да се решат само на преговарачка маса“, изјави прес-секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на брифингот.

Румен Радев повеќе не ја маскира својата проруска ориентација, која ја демонстрираше како шеф на државата. Поранешниот претседател покажа афинитет кон Москва за историски, економски и воени прашања во своите јавни изјави за време на изборната кампања, пишува бугарски „Сега“.

Румен Радев повеќе не ја маскира својата проруска ориентација, која ја демонстрираше како шеф на државата. Поранешниот претседател покажа афинитет кон Москва за историски, економски и воени прашања во своите јавни изјави за време на изборната кампања.

Реакцијата на Москва кон него сега е повеќе од ласкава во споредба со онаа на победникот на изборите во Унгарија, Петар Маѓар, кој го собори унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Ние не испраќаме честитки до непријателски земји. А Унгарија е непријателска земја; таа поддржува санкции против нас“, рече Петков за Маѓар.

Најнови вести од: Регион

Британски „Фајненшел Тајмс“: Румен Радев е „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин во Европа“, кој може да „формира и промосковски ориентирана влада“!

„Пријателски настроениот кон Русија поранешен претседател Румен Радев се предвидува да победи на парламентарните избори на 19 април 2026 година во трката за премиер. Тој се повлече од претседателската функција во јануари, за да се кандидира за помоќната премиерска функција. Левичарската партија „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев е на врвот на анкетите за јавното мислење пред осмите предвремени избори во земјата за пет години. Победата на Радев би можела да ја приближи Бугарија – југоисточната членка на ЕУ и НАТО до Москва.“ – објави вчера угледниот британски весник „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа со наслов „Тројанскиот коњ’ на Владимир Путин е во водство на бугарските избори“.

Најнови вести

To top