Спорт

Димитриевски како октопод против Мајорка

Осум успешни интервенции на македонскиот голман во гостинското реми 1:1 на Валенсија во шпанската Ла Лига

Македонскиот голман Столе Димитриевски блескаше на голот на Валенсија на гостувањето кај Мајорка во 33. коло од шпанската фудбалска Ла Лига, кое заврши нерешено 1:1.

Чуварот на мрежата на репрезентацијата на Македонија запиша осум успешни интервенции, кои му помогнаа на неговиот тим да ја анулира негативата од почетокот на второто полувреме и да се врати со бод од Палма де Мајорка.

Со него Валенсија остана веднаш пред Мајорка на табелата, со четири бода повеќе од првото место што води во понизок ранг.

 

Најнови вести од: Спорт

To top