Македонија

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје кој ќе се нафати да биде поразен

Незгодна ситуација на Бихаќка

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник за Скопје, немаат човек кој ќе се нафати на поразот, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Вистински дебакл се случува во СДС. Венко Филипче и СДС не можат да најдат кандидат за градоначалник за градот Скопје. Нашите информации говорат дека СДС добиле ладен туш од Мишко Ралев, кој не сакал да оди на избори на кои се знае дека ќе изгуби катастрофално. Ист одговор добиле и од еден скопски адвокат, близок до нивната партија, кој исто така не сакал да го носи дресот на губитник уште од објавувањето на кандидатурата. Нема човек во СДС кој ќе се нафати да ги изгуби изборите, а уште поголем е стравот, затоа што поразот ќе биде убедлив уште во првиот круг – изјави Манасиевски.

Според него, СДСМ не бара ниту програма, ниту визија кај кандидатот кој ќе го номинира, туку спремност да изгуби, на што очигледно никој не се нафаќа.

– Имаме порака до СДС, не барајте многу, поразот секако ќе ви биде огромен. Сметката за вашите лоши политики до сега ќе ви биде испорачана на есен на локални избори – додаде Манасиевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Владата на Македонија најостро го осудува вандалското опожарување возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада!

„Владата на Република Македонија најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. – Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како Влада испраќаме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално казнет“ – реагираше Владата на Република Македонија.

Се трага по лице, кое денес опожарило две возила близу амбасадата на Бугарија

Припадници на Министерството за внатрешни работи се во активна потрага по непознатиот напаѓач, кој денеска среде бел ден подметнал пожар на возила на бугарската амбасада во центарот на Скопје. Сѐ уште непознатиот млад човек полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на амбасадата на Бугарија во Македонија, по што се дал во бегство.

За Бугарите македонскиот јазик постои „од 1944/1945“, а Зденка Рибарова ги истражуваше македонските ракописи од 12 и 13 век и писмени традиции стари над 11 века!

Чешката палеославистка и македонистка проф.д-р Зденка Рибарова е еден од најзначајните научници во истражувањата на историјата на македонскиот јазик, старословенистиката, црковнословенските текстови од македонска редакција и проучувањето на средновековното македонско ракописно наследство. Нејзиното научно дело претставува еден од темелите, врз кои денес се засноваат современите истражувања на македонската писмена традиција. На 13 јуни 2026 година се навршија 81 година од раѓањето на оваа чешка лингвистка, чие научно дело има немерливо значење за историјата на македонскиот јазик и широката меѓународна афирмација на неговата самобитност и постоење низ многуте векови. Рибарова проучувала и анализирала десеттици македонски ракописи од 12 и 13 век. Истражувањата и студиите за постоењето на македонскиот јазик на оваа врвна чешка македонистка ги уриваат и ги обесмислуваат сите денешни негирања и фалсификати на политичка и лажнонаучна Софија дека, божем, македонскиот јазик „нема свои историски корени“ и оти е само „вештачка творба, измислена врз бугарски јазични темели“.

ВМРО ДПМНЕ: СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен претставувач на бугарските барања и на „Бугари во Устав“!

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

(Фокус): Делегација на УЈП во работна посета на Даночната управа на Црна Гора

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

Најнови вести

To top