Регион

Макрон ја предупреди Турција: Франција ќе реагира доколку биде нарушен грчкиот суверенитет

Денеска, Макрон и Мицотакис ќе ја посетат фрегатата „Кимон“ во Пиреја, ќе одржат работен состанок во Вила Максимос, ќе присуствуваат на потпишување на билатерални договори и ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати јасна порака за време на официјалната посета на Грција дека Франција ќе реагира доколку Турција ѝ се закани на Грција, нагласувајќи дека Париз „ќе биде присутен“ во случај на закана за грчкиот суверенитет.

„Суверенитетот на Грција е неповредлив. Франција ќе застане покрај Грција во секој критичен момент“, порача Макрон.

Пораката ја пренесе во контекст на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис оцени дека соработката со Франција има „егзистенцијално значење“ за иднината на Европа и за стратешката автономија на Европската Унија.

За време на вечерата во Претседателската палата, на која присуствуваше и грчкиот претседател Константинос Тасулас, Макрон повтори дека пријателството и соработката меѓу Франција и Грција претставуваат стабилна потпора во справувањето со европските и глобалните предизвици.

Денеска, Макрон и Мицотакис ќе ја посетат фрегатата „Кимон“ во Пиреја, ќе одржат работен состанок во Вила Максимос, ќе присуствуваат на потпишување на билатерални договори и ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top