Македонија

Филипче потврди дека има златна виза за Дубаи

Но затоа немал имоти и авиони

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во Само интервју на Канал 5, потврди дека поседува виза за Дубаи, но негираше дека ја добил затоа што инвестирал таму.

Рече дека болницата каде би работел нема да ја открие, и потенцираше дека не добил никакво возило на подарок.

„Легитимно е понатаму, јас можам од мојата струка да заработам. Тоа е единствениот начин на кој што јас сакам да заработам. Тоа е легитимна, автентична моја одлука. Среќен сум што добив шанса, оти не добива секој шанса да работи во такви болници“, рече Филипче.

Тој демантираше дека поседува било каков имот во Дубаи.

„Ниту имам инвестиции, ниту згради, ниту имам авиони“, рече тој.

Филипче истакна дека во Дубаи може да се добие виза врз база на тоа кој каква струка има. Истакна дека си има точно наведени кои струки се потребни за кои што може да се добие виза.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен претставувач на бугарските барања и на „Бугари во Устав“!

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

(Фокус): Делегација на УЈП во работна посета на Даночната управа на Црна Гора

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

To top