Македонија

Алармантно: Депресивни се 53 отсто од девојчињата и 19 од момчињата на возраст на 15 години

Треба да се замислиме каде оди ова општество

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, ги информира граѓаните од Општина Центар и основните учлиштата дека услугите поврзани со психосоцијална поддршка, превенција од дроги, професионални советувања за ментално здравје, како и превенција и заштита од насилство, се достапни бесплатно согласно договорот кој е потпишан со Општина Центар.

Услугите се достапни секој работен ден од понеделник до петок, во однапред закажан термин, за сите граѓани вклучително и младите, учениците, наставниците, родителите кои се соочуваат со предизвиците на секојдневието.

Како симболичен гест и во име на одбележувањето на 25 годишнината на ХЕРА, се изработи мурал од уметникот Ненад Тонкин. Муралот претставува симбол на охрабрување, поддршка и солидарност против врсничко и семејно насилство, а воедно поттикнува на дијалог и активно делување за создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

„Врсничкото насилство остава длабоки последици врз менталното здравје на младите. Сè почесто се соочуваме со случаи на анксиозност, депресија и изолираност кај деца и адолесценти, предизвикани од навреди, исклучување или насилство од врсниците – како во училиште, така и онлајн. 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение, покажуваат податоците од ХБСЦ студијата. Потребна е заедничка акција од родителите, училиштата и институциите за да се создаде безбедна и поддржувачка средина, каде младите ќе се чувствуваат прифатени и ќе добијат навремена психосоцијална поддршка. Менталното здравје не е луксуз, туку право на секое дете. Апел до младите, молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!”

„Стручните служби во училиштата континуирано работат со ученици и родители согласно внатрешните процедури, но кога е потребна терапевтска интервенција, постоечките ресурси не секогаш се доволни. Со вклучување на советувалиштата на ХЕРА – кои се дел од системот на социјална заштита – училиштата добиваат дополнителна поддршка за случаи кога учениците, семејствата или старателите имаат зголемени потреби“, истакна Ана Попризова, психотерапевтка и училиштен психолог.

„Нашата цел е да создадеме амбиент на сигурност за целосен развој на нашите деца за да можат да ги реализираат своите потенцијали во вистинска насока – тоа е радост, среќа, љубов, разбирање и поддршка. Со оваа порака создаваме визуелна и модерна комуникација, достапна за сите на кои им е потребна. Приказната која ја презентираме е мотив да се помогне и отворено да се говори за ситуации и случувања на кои секојдневно работи и тимот на стручната служба во воспитно-образовниот процес“ изјави Гордана Јаневска, директорка на ООУ „Кочо Рацин“.

ХЕРА продолжува со својата мисија за унапредување на менталното здравје и борба против родово базираното насилство, преку соработка со локалните самоуправи, училиштата и заедницата.

За повеќе информации и закажување термини, граѓаните можат да се обратат во советувалиштата на ХЕРА:

1. Прв семеен центар 🕘 Отворен: понеделник, среда и петок (09:00–16:00); вторник и четврток (12:00–19:00) 📞 Телефон: 02/3200 007, +389 70 249 596 📧 Е-пошта: infopsc@hera.org.mk

2. Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи- ММ центар 🕘 Отворен: вторник до четврток (10:00–17:00) 📞 Телефон: +389 70 299 026

3. Советувалиште за превенција од употреба на алкохол и дроги во Младински центар „Сакам да знам”- Водно 📞 Телефон: +389 2 3176 950

Најнови вести од: Македонија

Денес во Охрид врачување на наградата „Драги“ на Кристина Е. Kрамер и Роли Грау од САД за преводот на поезијата на Ацо Шопов на англиски јазик

Доделувањето на меѓународната награда „Драги“ првпат ќе се случи денес, на 11 септември 2025 година во 11 часот и 30 минути во Конгресниот центар во Охрид на на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во рамки на 12-тата Македонско-северноамериканска конференција за македонистика.

Мицкоски денес на увид во реконструкцијата на ГОБ „8 септември“, што е дел од владините заложби за подобрување на условите во здравствениот сектор

„Здравството беше една од најзапоставените области, каде што постојаната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на ионака дотраените болници и капацитети. Голем дел од посветениот здравствен кадар и во такви супстандардни услови продолжи да работи посветено и да го дава својот максимум. Со реконструкцијата ќе добиеме европски услови во ГОБ ‘8 септември’.“ – имаше изјавено претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на 25 февруари 2025 година по повод официјалното започнување на градежните работи на оваа реконструкција.

To top