Македонија

Николоски: Како нација можеме да водиме големи проекти

Да дадеме шанса на нашата економија и компаниите да бидат конкурентни надвор на пазарот, вакви проекти ќе придонесат да бидеме лидери и во индустриското производство

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски смета дека како нација можеме да водиме големи проекти.

-Во еднос на економијата имаме директен и индиректен импакт. Директен е она што ќе се произведе и продаде кое директно влегува во БДП, а индиректниот е многу поголем. За стопанството, за индустријата затоа што светот оди напред. ЕУ ги постави правилата за зелена транзиција ги постави, а тие велат дека особено во металната, во челичната индустрија, во индустрииите кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП, од 2026-та мора да се користи зелена енергија. Да дадеме шанса на нашата економија и компаниите да бидат конкурентни надвор на пазарот, вакви проекти ќе придонесат да бидеме лидери и во индустриското производство, истакна Николоски.

Камен-темелник на Ветерниот парк кај Штип беше поставен денеска. Изградбата е на компанијата „Алказар енерџи“, а инвестицијата вредна над 500 милиони долари треба да отвори 630 нови работни места. Ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО ДПМНЕ: СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен претставувач на бугарските барања и на „Бугари во Устав“!

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

(Фокус): Делегација на УЈП во работна посета на Даночната управа на Црна Гора

Делегацијата на УЈП изрази особен интерес за оваа област, нагласувајќи дека размената на практични искуства со институции кои успешно спровеле слични процеси претставува значаен извор на знаење и поддршка за понатамошниот развој на даночната администрација.

To top